X
 30.09.2018 Наука

Како што станува потопло, нешто неочекувано се случува со растенијата на Арктикот

Растенијата на Арктикот, обично ниско поставени грмушки, стануваат сѐ повисоки, бидејќи регионот се загрева поради климатските промени - откриваат најновите истражувања. Постоечките растителни видови се зголемуваат во висина.

Како сето ова влијае врз деликатните екосистеми и јаглеродни циклуси на Арктикот, допрва треба да се потврди, велат научниците, иако овие промени ќе треба внимателно да се следат. Промената во екосистемот се случува сѐ побрзо во текот на изминатите 30 години.

Повисоките растенија повеќе заробуваат снег, што е еден од начините врз кој би можеле да имаат влијание: дополнителниот снег ја изострува почвата, на која потоа ѝ е потребно подолго време да замрзне во зима и на крај би можела да испушта повеќе јаглерод. А овие промени во вегетациската висина не се случуваат само на едно место.

растенија
Фото: Anne D.Bjorkman


-Откривме дека зголемувањето на висината не се случува само на неколку локации, туку е случај насекаде низ тундрата - вели еден од истражувачите, Ана Бјоркман од Центарот за биодиверзитет и климатски истражувања во Сенкенберг, Германија.

-Ако повисоките растенија продолжат да се зголемуваат со сегашната стапка, висината на растенијата ќе се зголеми за 20 до 60 отсто до крајот на векот - вели Ана Бјоркман.

Додека повисоките растенија на Арктикот можеби не изгледаат како непосредна загриженост, треба да се знае дека 30 до 50 отсто од јаглеродот од почвата во светот е заглавен во мразот на северната хемисфера. Сѐ што ја менува еколошката рамнотежа би можело да предизвика сериозна количина на јаглерод диоксид и метан во атмосферата.

Тимот ја проучувал тундрата низ 117 различни локации во Арктикот, земајќи повеќе од 60.000 различни податоци. Податоците од европските Алпи и од Колорадо Рокис исто така беа вклучени во финалниот извештај.

2
Фото: Anne D.Bjorkman

Биле вметнати различни карактеристики на растенијата, вклучувајќи висина, област на листот, содржина на азот, бујност и зимзеленост. Било забележано дека само висината значително се променила во текот на последните три децении, со што и нивоата и температурата на влага имале влијание врз брзиот раст.

-Иако има многу неизвесности, поголемите растенија може да ги поттикнат климатските промени, како на Арктикот, така и на планетата како целина - вели Бјоркман.

Како што покажаа и другите истражувања, додека вечниот мраз во северните делови на планетата почна да се одмрзнува, би можеле да видиме сериозна промена во ослободувањето на стакленичките гасови. Како што се загрева планетата, таа создава повеќе предупредувања - повратни ефекти.

Ќе бидат потребни повеќе истражувања за да се открие точно како овие високи растенија придонесуваат за промена на климата, но тоа е уште еден фактор за приклучување во моделите за предвидување и тоа треба да даде попрецизна претстава за тоа колку го менуваме екосистемот на планетата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука