X
 11.06.2019 Живот

Хермелини и оклопни транспортери денеска пред граѓаните на Свети Николе

Жителите на Свети Николе денеска попладне ќе имаат ретка можност да ги разгледаат воените возила, опремата и оружјето кои се употребуваат во најголемата воена вежба во Македонија, „Одлучен удар“ која до 9 јули ќе се одржува на воениот полигон Криволак.
Граѓаните ќе можат од 18 до 21 часот да разгледуваат и директно од војниците да се информираат за сè што ги интересира.

Фото: АРМ

Потоа ќе можат да проследат фудбалски натпревар помеѓу екипите од локалната самоуправа и од припадниците на армиите кои учествуваат на вежбата. Над стадионот ќе прелетуваат армиски хеликоптери.

Презентацијата на возила и оружјето почна викендов во Гевгелија, а по Свети Николе ќе продолжи во други градови во земјава. На 15 јуни во Кавадарци, на 26 во Радовиш и Струмица, на 29 јуни во Битола, на 1 јули во Гостивар, а на 5 јули во Скопје.

На вежбата учествуваат 2.600 војници од АРМ и од САД и стотина нивни колеги од Албанија, Бугарија, Црна Гора и од Литванија.

Фото: АРМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот