X
 11.06.2020 Образование

Најдобрите универзитети во светот за 2021 според „Кју Ес“

Вчера беше објавена годишната ранг-листа за најдобрите универзитети во светот за 2021 на мрежата за високо образование „Кју Ес“ (QS).

На врвот на листата се наоѓа Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), САД. На второто место е „Стенфорд“, а по него следува „Харвард“. Помеѓу првите десет се наоѓаат и Универзитетот во Оксфорд, Универзитетот во Кембриџ и Кралскиот колеџ „Лондон“ од Велика Британија, како и американскиот Технолошки институт во Калифорнија (Калтек).

Фото: Pexels

На 11. место се најде Националниот универзитет во Сингапур, и тој е најдобро рангиран универзитет од Азија.

Од регионот, најдобро рангиран е Националниот технички универзитет во Атина, кој се наоѓа на 477. позиција. 

Најдобри 10 универзитети во светот за 2021 според „Кју- Ес“ се: 


1. Технолошки институт во Масачусетс, САД
2. Универзитет „Стенфорд“, САД
3. Универзитет „Харвард“, САД
4. Технолошки институт во Калифорнија, САД
5. Универзитет во Оксфорд, Велика Британија
6. ЕТХ Цирих - Швајцарски федерален технолошки институт, Швајцарија
7. Универзитет во Кембриџ, Велика Британија
8. Кралски колеџ „Лондон“, Велика Британија
9. Универзитет во Чикаго, САД
10. УЦЛ, САД

Извор: topuniversities.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование