X
 29.09.2023 Економија

Македонија се искачи 12 места на листата со најиновативни економии

Швајцарија, Шведска, САД, Обединетото Кралство и Сингапур се најиновативните економии во 2023 година, покажува глобалниот иновациски индекс на Светската организација за интелектуална сопственост.

Во составувањето на индексот се користат 80 индикатори кои ги следат глобалните иновациски трендови во над 130 држави.

На овогодишната листа меѓу првите десет се наоѓаат и Финска, Холандија, Германија, Данска и Јужна Кореја.

Македонија се наоѓа на 54. позиција на листата годинава, во споредба со 66. место во 2022 година, 59. место во 2021 година и 57. место во 2020 година. Нашата земја е 9. на листата со најиновативни економии од групата на земји со горно средни приходи. Во Европа, Македонија се наоѓа на 33. место од вкупно 39 економии.

Гледано по фактори според кои се оценуваат економиите, Македонија има најдобри оцени во пазарна софистицираност, инфраструктура и научно и технолошко производство. Земјата е полошо оценета во поглед на човечки капитал и истражување, институции и креативно производство.

Извор: WIPO
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија