X
 23.04.2021 Образование

Најдобрите медицински факултети според QS

Најдобрите медицински факултети се наоѓаат во САД и во Велика Британија, покажува најнов извештај на институтот „Квакарели Симондс“ (QS). „Харвард“ се наоѓа на врвот шеста година по ред. Во првите пет се и „Оксфорд“, „Стенфорд“, „Кембриџ“ и „Џон Хопкинс“.

Универзитети што ги имаат најдобрите медицински факултети според QS

1. „Харвард“ (САД)
2. „Оксфорд“ (Велика Британија)
3. „Стенфорд“ (САД)
4. „Кембриџ“ (Велика Британија)
5. „Џон Хопкинс“ (САД)
6. Каролински институт (Шведска)
7. Универзитет на Калифорнија во Лос Анџелес (САД)
8. „Јејл“ (САД)
9. Универзитетски колеџ во Лондон (Велика Британија)
10. Кралскиот колеџ во Лондон (Велика Британија)


Фото: Медицински факултет на „Харвард“/Wikipedia

На ранг-листата има 650 медицински факултети, а 50 институции првпат се на листата. Најмногу институции (233) има од Европа, од кои дури 44 се од Велика Британија, 32 од Германија, 29 од Италија, 17 од Франција и 17 од Шпанија.

На листата има и 121 американска институција, 134 од Азија, 46 од Латинска Америка, 27 од Блискиот Исток и 23 од Африка. Австралија има 26 институции на листата, а Нов Зеланд има 3.

Од азиските земји, Јапонија има 34 медицински факултети на листата, Кина 28 и Јужна Кореја 23. Во Африка, Египет има 9 медицински факултети на листата.

Ранг-листата се составува врз основа на четири компоненти: академска репутација, репутација помеѓу работодавците, цитати во истражувања и индекс со кој се мерат продуктивноста и влијанието на објавените дела од институтот.

Автор: Даглас Брум
Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование