X
 11.06.2020 Живот

Плочки на дански плоштад помагаат во борбата против аерозагадувањето

Плоштад во Копенхаген користи иновативен дизајн за борба против аерозагадувањето. Плочките на плоштадот „Лангеландс“ во областа Фредериксберг во данскиот главен град имаат специјална обвивка која помага во апсорпцијата на азотниот диоксид.

Азотниот диоксид е еден од најштетните загадувачи од транспортот и се смета дека е одговорен за десетици илјади смртни случаи во Европа секоја година.

Плочките се обвиткани со титаниум диоксид, прилично чест минерал кој го претвора азотниот диоксид во безопасна состојка.

- Замислете дека азотниот диоксид е гас кој лета во воздухот. Кога ќе ја погоди површината на овие плочки, титаниум диоксидот ќе предизвика тој да се претвори во цврста супстанција. Таа супстанција е нитрат, кој е целосно безопасен и може да го апсорбираат растенија - истакнува Михаел Хумле, извршен директор на „Фоитокат“, компанијата која стои зад решението.


50 квадратни метри плочки на плоштадот може да отстранат еден килограм азотен диоксид, колку што приближно емитира еден автомобил во текот на една година.

Но, плочките не помагаат само во борбата со аерозагадувањето - тие се добри и во апсорпцијата на дождот, со што помагаат да не се преполнуваат одводните канали.

Иако техниката на обложување на плочките со титаниум диоксид е застапена во Азија, таа е многу ограничена во Европа. Може да се види на јавни плоштади во Шпанија, но не во вакво мултифункционално уредување со пропустливи плочки.

Извор и насловна фотографија: Euronews
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот