X
 29.11.2016 Култура

Како Данците постигнуваат најдобар баланс меѓу работата и личниот живот?

До крајот на својата прва недела живеење во Данска, Хелен Расел била загрижена за новата работа на нејзиниот сопруг, пишува таа за Stylist.

По потекло од Велика Британија, Расел беше навикната на работните обичаи во нејзината земја, каде што работењето до доцна во ноќта и долгите часови се сметаат како знак на чест. Таа беше изненадена и засрамена кога нејзиниот сопруг дојде дома од работа во раните попладневни часови кога таа почнуваше со нејзиното пишување како хонорарец.


Данци


Трендот продолжил, раскажува таа и до петок, нејзиниот сопруг се враќал дома во 14:30 минути. Но тоа не било одраз на неговите работни навики, туку на тоа дека работењето неколку часа во Данска се смета како нешто што сите луѓе го прават.

Овој здрав баланс помеѓу работата и животот е толку важен дел од данската култура што Дансака се гордее со тоа и јавно го споделува тоа на официјалната веб-страница на земјата.

Тоа е голем момент на гордост за Данска, која има репутација на најсреќната земја во светот. Владата поттикнува 37-часовна работна недела, одредена пауза за ручек, најмалку пет недели на платен одмор, проширено и платено родителско отсуство и флексибилен распоред, со опција да работат од дома, како и стимулативни мерки за заштита на децата. Во просек, Данците трошат помалку од една третина од своето време за работа и сепак тие се попродуктивни од поголемиот дел од Европската Унија или од САД.

Може да размислувате: „Што е финтата?" Но, вистината е дека данските вредности и национални ставови се насочени на посветеноста на земјата за постигнување на рамнотежа меѓу работата и личниот живот.

1. Во Данска на работниците им се верува дека ќе си ги завршат успешно работните обврски

Луѓето сакаат да работат и сакаат да ја завршат работата квалитетно. Како што еден дански пријател и објаснил на Расел кога ќе дојде „часот на Пепелашка“, часот за одење дома, секој од рецепционер до извршен директор си оди. Тие веруваат дека добро си ја извршиле работата и среќни си заминуваат дома.


Данска


2. Семејството е многу важно и во данската култура луѓето се охрабруваат да ги ценат своите семејства

Според искуството на Расел, сосема е нормално за луѓето во Данска на листата на задачи на нивниот дигитален календар да биде грижата за децата и други семејни обврски. Не треба никој да се срами што го става како приоритет семејството. Исто така во Данска, грижата за децата ве ослободува од данок, а државата обезбедува услуги од домашни помошнички и пензии за стари лица.

Нагласокот на семејството се проширува и кога станува збор за образовниот пристап на Данска. Наместо користење на образовен систем базиран на испити, Данска се фокусира на децата што резултира со подигнување на среќни и ентузијастички деца, објаснува професор Стефани Ламберт, иселеник од Велика Британија.

Фокусот на земјата за помалку работни часа ги ослободува наставниците и едукаторите да инвестираат во личните потреби на учениците како индивидуи. И како резултат на тоа данските деца ги имаат истите вредности всадени во нив уште од млада возраст. Тоа е вкоренето во нив и во моментот кога ќе се приклучат на пазарот на работна сила кога се почитуваат истите вредности.

3. Сите имаат бенефит од балансот меѓу работата и личниот живот


Повеќе работа значи повеќе стрес, што значи повеќе здравствени проблеми и заостаната работа која треба да се заврши. Можеби тоа е една од причините зошто Данците трошат толку малку на здравствена заштита.

Истражувањата покажаа дека одморите придонесуваат да бидеме покреативни, па затоа не треба одморот да се третира како ретка појава, да се гледа на него како на ризница за стекнување поголема плата или да се користи работата како бегство од личните проблеми. Луѓето во Данска добиваат минимум пет недели за платен годишен одмор и тие го користат без страв од срам или општествена стигма.

Тоа е едноставна вистина што многу Данци ја препознаваат од обичен работник до генерални директори: „Посреќните работници се подобри работници“.

„Ние сметаме дека секој има право да биде почитуван од извршен директор до голман. Ние се обидуваме да ги научиме нашите деца да се фокусираат на доброто во нив и во другите наместо на статусот и етикетите“- вели Iben Sandahl, дански психотерапевт.  

Моделот на Данска за баланс меѓу работата и личниот живот е доказ дека времето не е исто со продуктивноста и дека да се третираат луѓето добро е подобро за сите.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура