X
 14.09.2019 Наука

И со студениот воздух може да се произведува струја

Во соработка со инженерите Веи Ли и Шанхуи Фан од Универзитетот „Стенфорд“, научникот Асват Раман од Универзитетот во Калифорнија создал направа која произведува волтажа преку канализирање на заостанатата дневна топлина во студен воздух.

- Нашата работа ги истакнува многуте останати можности за енергија преку искористување на студот од надворешниот простор како извор за обновлива енергија. Сметаме дека ова е основа за комплементарна технологија на соларната. Иако производството на енергија секогаш ќе биде значително помало, може да оперира во време кога соларните ќелии не можат - вели Раман.

Фото: Science Alert

Покрај сите придобивки, соларната енергија не е извор кој дава енергија 24/7. Повеќето од нас се враќаат дома од работа кога сонцето заоѓа и тогаш е потребна најмногу енергија за да се задоволат нашите потреби за затоплување, готвење, забава и осветлување. За жал, често се свртуваме кон фосилните горива за да надоместиме. За оние што се потпираат на соларната енергија, тоа може да значи живеење без одредени луксузи.

Фан ја разбира потребата за извор на обновлива енергија кој би функционирал во текот на ноќта. Тој работел на голем број слични направи, а оваа направа го користи стариот добар термоелектричен ефект.

Користејќи материјал наречен термоелемент, инженерите можат да конвертираат промена на температура во диференција во волтажа. Тоа бара нешто релативно топло од едната страна и место за таа топлина да бега на другата страна.

Теоријата е лесниот дел. Вистинскиот предизвик е во местењето на вистинските материјали на начин на кој ќе генерираат волтажа од нашата ладна околина што би го правело ова откритие вредно.

За трошоците да бидат мали, тимот користел едноставни предмети кои секој од нас лесно може да ги најде.

Фото: Science Alert

Тие составиле евтин термоелектричен генератор и го поврзале со црн алуминиумски диск за да ослободува топлина во ноќниот воздух. Генераторот бил поставен во полистиренско опкружување затворено со прозорец транспарентен за инфрацрвена светлина и поврзан со мала ЛЕД-светилка.

Шест часа во текот на едно попладне кутијата била оставена да се лади на покрив во Стенфорд додека температурата паѓала под точката на замрзнување. Бидејќи топлината одела од земјата кон небото, малиот генератор произвел доволно енергија за да направи светилката да добие живот. Во најдобриот случај, направата генерирала околу 0,8 миливати енергија, што е еднакво на 25 миливати за квадратен метар.

Додека бараме големи и светли идеи за револуцијата за обновливите извори на енергија, важно е да се осигураме дека нема да дозволиме помалите и поедноставни решенија како ова да исчезнат во ноќта.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука