X
 11.07.2019 Живот

Тиркизно езеро што бојата ја добива од отпад

Тиркизното езеро кај Новосибирск, кое е сè попопуларно меѓу туристите и инстаграмџиите кои обожаваат селфи, има една мрачна тајна: својата убава боја ја добива од отпадот од околните електрани.

Езерото со својата „волшебна боја“ е честа дестинација за инфлуенсерите од цел свет, но таа боја всушност се добива од калциум-хлоридот и други метални оксиди од отпадот.

Руската енергетска компанија што управува со објектите упати повик – луѓето да не се приближуваат до водата. Една корисничка на „Инстаграм“, откако дознала за ова, објави фотографија од себеси на брегот на езерото со натпис: „Не е Чернобил, но сепак е опасно“.

Лео Алексеј, кој покрена своја инстаграм-страница посветена на селфито, за Би-би-си рече дека го посетил езерото четирипати, но не влегол во водата, туку само стоел до неа и гледал.

- Не е препорачливо да се допира ​​водата оти може да предизвика алергија - изјави тој.

Извор: МИА
Фото: Instagram

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот