X
 31.08.2018 Живот

Работно место - плажа; плата - 120.000 долари

Компанија што држи синџир луксузни хотели објави оглас за бренд-амбасадор кој ќе живее на бреговите на Мексико и ќе работи како инфлуенсер. Платата е 120 илјади долари годишно.

„Виданта“, водечки синџир на хотели во Латинска Америка, бара лице кое ќе се шета по ривиерата и ќе биде социјален инфлуенсер.

Тие ја лансираа кампањата „Најдобра работа на светот“, во текот на која ќе биде избран еден бренд-амбасадор на синџирот хотели. Задачата на нововработеното лице ќе биде да патува низ Мексико, поточно да оди во местата Нуево Валерта, Ривиера Маја, Лос Кабос, Акапулко, Пуерто Пењаско и Пуерто Валарта.

- Среќникот што ќе ја добие работата ќе мора да даде сѐ од себе - да разоткрива мајански рушевини, скриени локали, ноќни клубови и ресторани. Ќе учествува во најпопуларните емисии и забавни содржини во регионот. Ова е навистина животна шанса - вели Иван Чавез, извршен директор на компанијата „Групо Виданта“.

Освен тоа што потенцијалниот среќник ќе ужива во плата од 120 илјади долари, ќе има право и на бесплатни оброци на секоја од споменатите локации и едногодишно сместување во хотел.

Како да ја добиете работата?

Пробајте си ја среќата така што тука ќе ја прикачите својата биографија и видеоснимка од 60 секунди (тема по желба) до 21 октомври.

Со среќа!
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот