X
 19.09.2024 Технологија

„Инстаграм“ подготвува голема промена што нема да им се допадне на милиони корисници

Повеќето социјални мрежи во последниве години повеќе се фокусираа на заштита на помладите корисници и тинејџери. Причината е јасна: негативното влијание врз нивната психичка состојба и благосостојба, што пред неколку години најдобро го опиша фејсбук-свиркачот Хауген, кој откри дека компанијата на Закерберг била свесна за негативното влијание на „Инстаграм“ врз младите, особено девојчињата, но но презелa ништо.

Во меѓувреме, „Мета“ воведе алатки за заштита на децата, како и родителска контрола, но како што неодамна коментираше Ник Клег, еден од директорите на компанијата, родителите често не ги користат овие алатки.

Затоа оваа компанија реши да ги земе работите во свои раце, па оваа недела најави нови производи наменети за заштита на младите корисници. Така, „Инстаграм“ наскоро ќе ја додаде опцијата „тинејџерски профил“, која автоматски ќе ги направи приватни профилите и ќе забрани прикажување на одредена содржина.

Младите под 18 години ќе имаат нова тинејџерска сметка, со тоа што 16-годишниците и постарите ќе можат да ги променат поставките и да ги вратат по старо, но младите на возраст помеѓу 13 и 15 нема да можат сами да го направат тоа, туку ќе мора да добијат родителска согласност.

Новиот профил на тинејџерите има повеќе од 30 алатки што „Мета“ ги воведе во последните години, а се наменети за заштита на децата. Некои од нив се опција за пауза на екранот и блокирање на одреден тип содржина што не е соодветна за нив. На тој начин, тинејџерските профили ќе дозволуваат примање пораки само од луѓе со кои младите се поврзани на „Инстаграм“, ограничување за означување на фотографиите и коментирање, а исто така ќе биде ограничена содржината што ќе им се прикажува.

Меѓу другото, повеќе нема да им се прикажуваат фотографии и видеа кои промовираат козметички процедури и слично. Исто така, по 10 часот навечер апликацијата автоматски ќе го активира режимот „sleep“ кој ги исклучува известувањата до 7 часот наутро.

Со новите профили за младите, „Инстаграм“ ќе добие и нови опции за родителска контрола на профилот, па ќе може да се прегледуваат луѓето со кои децата се допишувале, ќе може да се постави дневна граница за користење на оваа социјална мрежа, ќе може да се блокира употребата на оваа апликација во текот на ноќта итн. Овие промени прво ќе се применуваат на тинејџерските профили на одредени пазари, а до крајот на оваа година и почетокот на следната година ќе бидат достапни на профилите на сите малолетни корисници.

Од „Мета“ велат дека сакаат да понудат решенија за она што најмногу ги загрижува родителите, а тоа е со кого разговараат нивните деца на интернет, на какви содржини се изложени и дали поминуваат квалитетно време додека се пред екраните.

Секако, на милиони тинејџери што се навикнати на целосна слобода при користење на „Инстаграм“ нема да им се допадне такво нешто, а прашање е дали родителите навистина ќе ги користат сите алатки што им стојат на располагање.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија