X
 11.07.2022 Живот

Во Албанија сопружниците може да се разведат на нотар

Во Албанија брачните другари кои со меѓусебно разбирање одлучиле да ја прекинат брачната заедница може да се разведат на нотар.

На овој начин, како што наведува нотарката Елона Салијај, ќе се намали бројот на натрупани предмети за развод во судовите и оние што веќе се договориле за развод, ќе го направат тоа без одлагање.

- Вакви практики има во повеќе држави, кај нашиот сосед Грција, потоа во Франција, Шпанија, Летонија, Романија и Естонија. Значи има земји кои веќе имаат дефинирано раскинување на бракот со заемна согласност кај нотар и ги забрзуваат соодветните процедури. Тоа е олеснување за граѓаните - додава Салијај.

Со овој акт на спогодба што се потпишува кај нотарот, кој потоа се доставува до судот и истиот го одобрува, поранешните партнери ја детализираат родителската одговорност, средбите со децата според неделен и годишен календар, но и други обврски што тие ги преземаат по своја волја.

- Во Албанија има околу 7.000 разводи, каде што се подразбира дека повеќето од нив се со заедничка согласност или со целосна волја на двајцата сопружници. Се подразбира дека има дополнителен трошок за нив бидејќи сопружниците не можат да одат на сите рочишта за развод и тие назначуваат адвокати, што значи трошоци. Дефинираат посебно полномошно, прават нацрт-договор, па чекаат денови и месеци, што приближно може да биде три месеци или година - посочува нотарката.

Од оваа постапка се исклучени оние парови што се разделуваат со кавги и недоразбирања околу децата и имотот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот