X
 30.10.2020 Живот

Патувања во Србија и Албанија без ПЦР - тест


Лидерите на Србија, Албанија и Македонија - претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок преку интернет конференциска врска за обновување на иницијативата за регионална соработка започната минатата година.

Активностите на иницијативата за регионална соработка беа одложени поради пандемијата Ковид-19 и изборите во земјава и во Србија.

-Тројцата лидери се согласија дека кризата ја нагласи потребата од натамошно интензивирање на меѓусебната соработка и регионалната економска интеграција - информираат од Влада.

Тројцата лидери се согласија за отворени граници без ПЦР-тестови.

Тоа би се реализирало најдоцна до 10 ноември годинава, а во меѓувреме во пресрет на состанокот во Софија ќе се работи на продлабочување на соработката во јавното здравство и меѓусебната помош.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот