Хорор-трилерот „Лонглегс“ (англ. Longlegs), во кој Николас Кејџг глуми нестабилен селски произведувач на кукли, а Маика Монро е млада агентка на ФБИ, во вторникот ја имаше својата премиера на црвениот тепих во Лос Анџелес. Обожавателите што беа присутни добија црвена винил-плоча со код, но ја напуштија киносалата премногу исплашени за да ја пуштат песната.
„Лонглегс“ е најновиот филм на актерот и сценарист Осгуф Оз Перкинс, син на Ентони Перкинс, ѕвездата на „Психо“ на Хичкок. Филмот ја следи агентката на ФБИ, Ли Харкер, додека истражува нерешен случај со сериски убиец што го измачува нејзиниот мал град во северозападниот дел на Пацифокот и добива неочекуван, натприроден пресврт кога открива лична врска со убиецот.
Критичарите се воодушевени
Критичарите го нарекуваат филмот вистински хорор. Филмскиот критичар Питер Дебруж од „Варајети“ пишува дека филмот вистински ја киднапира вашата потсвест.
- По помалку од 12 часа откако го гледав, ликот на Николас Кејџ повторно се појави во моите кошмари - пишува Дебруж.
Продукциската куќа искористи доста добар маркетиншки трик за да го пренесе нивото на страв во овој филм, објавувајќи тизер во кој се наведува дека кога првпат Маика Монро го виде Николас Кејџ како Лонглегс, нејзиниот пулс бил 170.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube