Првиот српски документарен филм на „Нетфликс“ - „Долгиот пат до војната“ (The long road to war), кој е за настаните во Првата светска војна, е во најгледаните 10 наслови на платформата во 14 земји.
Филмот премиерно бил прикажан во 2018 година, но на платформата пристигнал на 28 јуни, на годишнината од атентатот на Франц Фердинанд, а е дело на продукциската куќа „Парадокс филм“. Овој филм е шести најгледан во моментов во Шведска, а во Холандија е на деветтото место на листата со најгледани наслови на платформата во моментов.
Со успехот се пофалил и режисерот Милош Шкундриќ на „Твитер“.
Филмот бил снимен со поддршка од Министерството за култура на Србија и Филмскиот центар на Србија, а се снимал од 2014 до 2018 година. Биле искористени кадри од архиви на Југославија и од 15 светски архиви. Тој се фокусира плановите за Првата светска војна години пред атентатот.
Филмот треба да се прикажува на „Нетфликс“ во 30 европски земји во следните пет години.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)