X
 11.08.2018 Живот

„Ејрбнб“ го откажа натпреварот за ноќевање на Големиот ѕид во Кина?!

Со оглед на тоа што станува збор за едно од врвните архитектонски чуда на сите времиња, Големиот кинески ѕид секоја година привлекува милион патници.

Неодамна, веб-страницата „Ејрбнб“ започна нов натпревар наречен „Ноќ на Големиот ѕид“, во кој четири личности и нивните гости ќе имаа можност да спијат во сопствено дизајниран „дом“ поставен токму на Кинескиот ѕид.

Судејќи според фотографиите поставени од „Ејрбнб“, ова животно искуство би било доста спектакуларно - меѓутоа не сите сметаа дека е добра идеја.

kina

„Ејрбнб“ доби различни повратни информации за концептот и загриженост дека натпреварот може да предизвика оштетување на познатиот ѕид.

-Длабоко ги почитуваме повратните информации што ги добиваме. Затоа одлучивме да не продолжиме со натпреварот - изјавија од компанијата.

Според првичната изјава на „Ејрбнб“, целта на натпреварот беше да го промовираат одржливиот туризам во Кина. Компанијата изјави дека сакала да ги нагласи опсежните напори за зачувување на длабокото наследство на ѕидот и да ја доведе кинеската култура во живот.

Од учесниците беше побарано да одговорат на прашањето со максимум 550 карактери: - Зошто е сега поважно од било кога да се уништат бариерите помеѓу културите? Како би сакал да изградиш нови врски?

„Ејрбнб“ се извини на сите оние кои веќе станале учесници во натпреварот и ветија дека компанијата ќе се обиде да пронајде нови начини на кои ќе може да се истражуваат и откријат неверојатните искуства во Кина.

-Ќе бидеме во тесна соработка со нашите домаќини и гости во Кина, како и лидерите на заедницата за да ја потенцираме културата и историјата што ја прават Кина една од најдинамичните дестинации во светот - изјави „Ејрбнб“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот