За да се направи добра фотографија, луѓето мислат дека се потребни скапа камера, скап објектив и така натаму. Но, во реалноста сè што ви треба е вашиот телефон и мешавина од имагинација и вештини. И резултатот понекогаш е подобар од резултатот со скапа опрема.
За да направат нешто, луѓето мислат дека им треба список со алатки за да го направат тоа, а всушност нешто минимално може да биде сосема доволно.
Организаторите на „Годишните награди за најдобра фотографија направена со мобилен“ ги објавија победниците и второпласираните на нивниот 10-годишен натпревар. Станува збор за најдолготрајниот меѓународен натпревар кој ја признава и наградува фотографијата направена со мобилен телефон или таблет.
Биле поднесени над 5.700 фотографии од 75 земји, поделени во 20 категории: „Фотоесеи“, „Транспорт“, „Улична фотографија“, „Фоторепортерство“, „Црно и бело“ и „Дигитална ликовна уметност“ и др.
Дан Лиу, фотограф од Кина, ја освои главната награда „Фотограф на годината“ и 3.000 долари. Дан е независен фотограф и визуелен уметник кој моментално живее во Кина. Неговата работа се фокусира главно на хуманистичка и пејзажна фотографија. Ден патувал низ 50 земји во светот и 100 града во Кина каде што ги истражувал и евидентирал односите помеѓу различни социјални и културни групи, како и нивните уникатни карактеристики. За победничката фотографија оваа година тој користел „ајфон 11 про макс“.
Извор:
Bored Panda
Фото:
Mobilephotoawards.com