Можеби не сте знаеле, но Светското првенство во „Тетрис“ е еден од највозбудливите натпревари во игри што моментално можете да ги гледате. Така, на овогодишното првенство, одржано овој викенд во Портланд, 16-годишниот Џозеф Саеле го победил седумкратниот првак Џонас Неубаер во напнато финале.
Приказната за Џозеф Саеле се чини како класична филмска приказна за аутсајдер кој се пробил на прво место на некој натпревар. Нешто како Роки. Саеле, за разлика од некои легенди во светот на компетитивниот „Тетрис“, морал да се квалификува за натпреварот бидејќи не добил директна покана. Успеал да се квалификува како петти натпреварувач, што не е лошо за некој што првпат се појавил на натпреварот.
Саеле немаше да се пробие до финалето, за малку ќе го запреше Корјан, голем мајстор од Јапонија. Тие двајца имале многу напната борба, донесувајќи одлуки во делови од секундата. Нивниот натпревар бил како боксерски меч, па дури и коментаторите тешко го следеле. На пат до финалето Саеле го победил и играчот Хари Хонго, кој своевремено станал првиот човек што постигнал максимален резултат во „Тетрис“, 999.999 бода.
Целиот натпревар станува уште поимпресивен кога ќе се земе предвид дека играчите играат на класични НЕС-контролери, познати по сѐ освен по ергономијата и леснотијата за користење. Се игра на нинтендо-верзија на „Тетрис“, издадена во 1990 година за конзолата СНЕС. И покрај сѐ, Саеле успеал да стигне до финалето, каде што го чекал Неубауер, седумкратен светски првак кој победил на последните три светски првенства.
Во финалето се играле три натпревари. Во третиот натпревар Саеле бил околу 100.000 поени зад Неубауер. Но, непогрешливиот Неубауер направил грешка со командите, што го исполнило полето на противникот со коцки. Потоа, со клучните одлуки и брзите рефлекси, Саеле успеал да спои два клучни тетриси, што го направи светски првак во „
Тетрис“ на само 16 години.
А целата приказна станува уште поимпресивна кога ќе земете предвид дека Саеле научил да игра „Тетрис“ преку „Јутјуб“.