Според податоци од Обединетите нации, просечниот животен век на жителите на Шведска е 83,3 години. Во Норвешка просечниот животен век е 82,9, во Данска 81,4, во Исланд 83,5 а во Финска 82,5 години. Жителите на овие северни земји се познати по одредени здрави животни навики кои веројатно играат улога во проценувањето на просечниот животен век.
Friluftsliv - радоста да се биде на отворено
Зборот е комбинација од норвешките зборови за свеж воздух и живот или начин на живот. Скандинавците уживаат во пешачењето и планинарењето. Овој израз првпат бил искористен во 19 век и се користи и денес.
Пешачењето и планинарењето не мора да бидат напорни или да се напушти градот. Тоа може да биде едноставна прошетка во паркот за да се поврзете со природата.
Фото: Freepik
Едноставната скандинавска исхрана
Во последно време постојано се зборува за значењето на исхраната богата со свежи, локални и сезонски намирници. Ова се практикува во многу ресторани и хотели во скандинавските земји. Со оброците во рестораните често доаѓаат и податоци за поминатите километри на храната до чинијата.
Во скандинавската исхрана често се наоѓа риба и морска храна, како и печурки и бобинки. Скандинавците сакаат да јадат и бургери или пица, исто како и сите други, но тоа е повремено.
Работете за да живеете, не живејте за да работите
Доколку се наоѓате во Скандинавија и сте во
канцеларија, а веќе поминал 17 часот, големи се шансите дека сте единствени во просторијата. Работните денови најчесто траат од 7 часот до 15 часот или од 8 часот до 16 часот. Во петок најчесто се завршува порано, а во лето често се практикуваат и пократки работни денови.
Фото: Freepik
Во многу компании на долгата работа ретко се гледа како на нешто позитивно. Впрочем, работодавците може да помислат дека имате премногу работа и не може да го постигнете тоа што ви е зададено како задача. Освен тоа, повеќето Скандинавци имаат долги годишни одмори. Во голем дел од регионот нормално е да се има одмор од 5 недели во годината.
Некои компании експериментираат со шестчасовни работни денови, а поретко се наоѓаат и такви што работат само 4 дена во неделата.
Фото: Freepik
Вистинското значење на „hygge“
Овој израз стана популарен низ целиот свет во последните години, а означува удобност или благосостојба. Додека многумина ја поврзуваат среќата со купување работи, за Скандинавците среќата не може да се купи. Удобниот живот игра улога во среќата, но важни се забавувањето на темпото и поминувањето квалитетно време со пријателите и семејството.
- За мене, „hygge“ е удобност. Постои само во целосното отсуство на стрес и непријатност и се храни со чувства на среќа и релаксација - вели Лора Бијагер од Данска, автор во „Мешабл“.
Автор: Дејвид Најкел
Извор:
forbes.com