Јавните базени се одличен избор за разладување преку летото, во деновите кога не сте на годишен одмор, но прашање е колку се безбедни. За нивно прочистување се користат големи количини хлор, а и мирисот знае да биде тежок.
Експертите велат дека нема причин за загрижување и дека во базените нема ништо што може да им наштети на капачите. Дури и оние кои пливаат во базени секој ден и пијат еден децилитар од таа вода при пливање, нема од што да се плашат.
Единствено силниот мирис кој најчесто се поврзува со базените воопшто не доаѓа од хлорот. Мирисот го предизвикува азот трихлорид кој настанува при хемиска реакција со хлорот, а за тоа се виновни капачите.
„Трихлоридот настанува како реакција на хлорот и уреата“, објаснува Кристијан Хоер од германската агенција за заштита на природната средина.
Тој може да предизвика
иритација на очите, носот и грлото и затоа пред влегување во базен телото треба да се измие со чиста вода.