Научниците откриле нов вид птеросаурус во Австралија кој во изгледот наликувал на змеј. Сличноста со митолошкото суштество се забележува на цртежите на кои се покажува како изгледал откриениот вид.
Коските на птеросаусурите се покршливи од оние на другите рептили што живееле порано, па затоа е ретко да се најдат остатоци од овие животни. Откритието на новиот вид птеросаурус било објавено во
истражување неделава.
Научниците сè уште не разбираат многу работи за птеросаурусите, особено зошто досега биле пронајдени многу малку фосили. Во Австралија досега се пронајдени фосили на само 20 птеросауруси.
Она што се знае за новооткриениот вид е дека имал голема вилица со 40 големи и остри заби, што покажува дека тој бил жесток ловец. Рептилот имал распон на крилја широк 6,7 метри и врат подолг од оној на просечна жирафа.
Извор:
Futurism