X
 26.02.2018 Култура

Во Кина откриен антички град стар 2.000 години


Кинескиот ѕид во Кина
(Фото: Thinkstock)


За време на археолошките ископувања на подрачјето на кинескиот автономен регион Внатрешна Монголија се пронајдени остатоци од антички град стар 2.000 години.

Остатоците се пронајдени на 1,3 километар северозападно од Кинескиот ѕид, а се претпоставува дека ѝ припаѓаат на династијата Хан, која ја претставува златната доба во кинеската уметност, политиката и технологијата.

Античкиот град се простира на површина од околу 210 хектари, со должина од 5.850 метри. На поединечни ископани садови се нацртани мотиви од лакови карактеристични за хунската култура.

За време на династијата Хан, Кина неколку пати војувала со Хуните, кои биле номадски народ што живеел во Источна Европа, на Кавказ и во Средна Азија, помеѓу 4 и 6 век. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура