Министерството за образование и наука ги објави резултатите од повикот за доделување финансиска поддршка за студенти за покривање дел од трошоците при студирањето.
- Министерството за образование и наука објавува резултати од повик објавен врз основа на Уредбата со законска сила за плаќање дел од партиципацијата во трошоците за студирање, партиципација за сместување во студентски дом и партиципација за сместување во приватен дом на студенти чие образование се финансира од Буџетот на РСМ, а се од семејни домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба - наведуваат од МОН.
ТУКА можете да ја видите листата со студенти на кои им се одобрени средства за покривање дел од трошоците за партиципација на високообразовната установа каде студираат.
ТУКА можете да ја видите листата со студенти на кои им се одобрени средства за покривање дел од трошоците за сместување во студентски дом.