X
 14.04.2021 Образование

МОН бара автори и илустратори на наставни материјали за прво одделение

Министерството за образование и наука ги објави огласите за изработка на материјали за учење и за ликовни илустратори, односно графички дизајнери за изработка на детски илустрации, со што практично почнува подготовката на материјалите од кои ќе учат првоодделенците од учебната 2021/2022, пишува во соопштението од МОН.

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, како носител на процесот, очекуваат и повикуваат на огласите да се јават искусни практичари кои ќе понудат креативни материјали и илустрации соодветни на возраста на учениците и на барањата за постигнување на резултатите од учење определени во секоја тема од наставните програми.

Сите содржини во материјалите за учење треба да се базирани на современи, научно засновани и релевантни сознанија, а сите примери и активности да бидат креирани на начин да се интересни за учениците и да се во релација со нивните искуства. Исто така, ликовните илустратори/графичките дизајнери треба да соработуваат со авторските тимови кои ќе работат на подготовка на материјали за учење, со што ќе се овозможи нивна квалитетна визуализација, што е значајно за учениците од прво одделение.

Наставните материјали со текстуалната и визуелната содржина треба да овозможат совладување на основните вештини по одделните наставни предмети. Основната цел на новата концепција е во фокусот на образованието да бидат учениците, односно преку квалитетна настава кај децата да се развие критичко размислување, креативност и граѓански вредности.

Наставните материјали се изготвуваат согласно наставните програми за прво одделение, кои се усогласени со Концепцијата за основно образование и со сите стратегии и пристапи на настава и учење што се промовираат со неа.
Огласот за автори/авторски тимови може да го погледнете на следниот линк, додека огласот за илустратори/графички дизајнери тука.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование