X
 11.12.2018 Живот

Алтон Мејсон - првиот Афроамериканец што прошета по модната писта за „Шанел“

Алтон Мејсон е првиот модел со афроамериканско потекло што прошета по пистата на шоуто на „Шенел“ во 109-годишната долга историја на брендот.

Мејсон беше дел од древниот египетски спектакл по повод изложбата „Метиерс д’Арт“.

Иако Фарел Вилијамс претходно соработуваше со „Шенел“, Мејсон е првиот професионален модел од афроамериканско потекло што се појави на пистата за „Шенел“. Пишувањето историја беше значаен чекор за Мејсон, кој својата благодарност ја сподели на социјалните мрежи.

- Благословен сум бидејќи имав можност да прошетам на модната писта за „Шенел“. Ова е момент кој никогаш нема да го заборавам. Да се види уметноста внатре во музејот и да се работи со неверојатен тим, е нереално. Да се биде прв модел со афроамериканско потекло... Што? Уште не можам да поверувам - напиша Мејсон на „Инстаграм“.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот