X
 31.05.2017 Култура

Што можеме да научиме за животот од Фредерик Даглас


Скулптура на Фредерик Даглас

Фредрик Даглас е познат афроамерикански мислител, аболиционист и говорник.  Во своите прославени мемоари „Наративот на Фредерик Даглас, американскиот роб “од 1845 година, тој заговарал права за афроамериканските робови и бил еден од водачите на движењето против ропството.

Во еден момент од својот живот работел и како советник на Абрахам Линколн во текот на Граѓанската војна, за подоцна да стане и првиот Афроамериканец кој бил на официјална политичка функција.

Пред сè надарен за пишување говори и покренување на широки народни маси на акција, Фредерик Даглас честопати е цитиран ширум светот во многу прилики.

Цитатите на Даглас што следат и денес се неверојатно актуелни и релевантни, а од нив можат да се научат многу мудрости за животот воопшто.

За врската меѓу страдањето и напредокот

„Ако не постои страдање, нема да постои ниту напредок... Моќта не остапува ништо без барања. Никогаш не го направила тоа, и никогаш нема да го направи.“

За универзалноста на тагата

„Насмевката или солзите немаат националност; радоста и тагата се обраќаат подеднакво кон сите нации, и тие и покрај сите јазички недоразбирања, промовираат братство меѓу луѓето.“

За вредноста на образованието

„Некои ја спознале вредноста на образованието затоа што го имаат. Јас ја спознав затоа што го немам.“

За мерењето на правдата


„Кога ќе сознаете точно за што еден народ тивко би се покорил, ќе ја добиете точната мерка за неправда која ќе им биде наметната.“

За оспособувањето на младите

„Полесно е да се изградат силни деца отколку да се поправат расипаните луѓе.“

За моралниот растеж

„Битката која е добиена или изгубена лесно е да се опише, раскаже и процени; но моралниот растеж на голема нација бара размислување, но и проучување, за да може да бидепочитувана.“

За безбедноста на нацијата

„Животот на една нација е безбеден сè додека нацијата е искрена, вистинољубива и морална.“

За слободата на говорот

„Кога се гуши слободата на говорот, се прави двојна грешка. Тоа го нарушува правото и на слушателот и на тој што сака да зборува.“

За бунтот

„Полоша работа од бунтот е само причината која го предизвикала.“

За доброто наспроти злото


„Би се здружил со кого било за да правам добро, и со никого за да правам зло.“

За моќта на знаењето

„Знаењето го прави човек неподобен да биде роб.“

За неопходноста од иронија

„Во вакви времиња, острата иронија, а не убедливата расправа, е она што е потребно.“

За верноста кон себе


„Помило ми е да сум верен себеси, дури и при опасност да добијам потсмев од другите, отколку да се лажам себеси и да предизвикам гадење од самиот себе.“

За непробојноста на душата

„Душата која е во мене, ниту еден човек  не може да ја понижи.“

За користењето на минатото за подобра иднина


„Мора да се занимаваме со минатото само онолку  колку што можеме да го направиме корисно за сегашноста и иднината.“ 

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура