X
 29.06.2020 Култура

Белите глумци нема да го позајмуваат гласот за ликови од друго етничко потекло во „Симпсонови“

Актерот Хенк Азарија повеќе нема да го позајмува гласот за Апу во „Симпсонови“.

Продуцентите на анимираната телевизиска серија изјавија дека отсега бели актери нема да бидат ангажирани за да го позајмуваат гласот за ликови од друго етничко потекло.

Соопштението излезе по помалку од еден час откако актерот Мајк Хенри изјави дека повеќе нема да го позајмува гласот за Кливленд Браун во анимираната комедија „Семеен тип“.

„Симпсонови“ беше цел на критики последните неколку години, најмногу поради актерот Азарија, кој го позајмува гласот за индискиот лик Апу. Азарија во јануари изјавил дека нема повеќе да го позајмува гласот за Апу.


Фото: Ханк Азарија/Wikipedia

Критиките станаа посилни по документарниот филм „Проблемот со Апу“ од 2017 од комедијантот Хари Кондаболу. Во документарниот филм се зборува за ставовите на луѓето кои потекнуваат од Јужна Азија за Апу како еден од нивните претставници во американската телевизија.

Пред неколку сезони од „Симпсонови“ го најмија Афроамериканецот Кевин Мајкл Ричардсон да го дава гласот за поголемиот дел од афроамериканските ликови во серијата.


Фото: Апу/Wikipedia

Во последната недела други бели актери изјавија дека нема да ги позајмуваат гласовите за ликови од друго етничко потекло.

Автор: Вил Торн
Извор: variety.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура