X
 12.01.2019 Живот

Катар најде начин да ја избегне блокадата од Саудиска Арабија

Катар планира да пушти во пловидба нов крузер што ќе ја поврзува Доха со соседните земји Оман и Кувајт, а првата пловидба се очекува кон крајот на јануари.

Крузерот е долг речиси 145 метри и е наречен „Гранд Фери“. Тој ќе има капацитет да превезува речиси 900 патници и 670 автомобили и е прв од овој вид на Истокот.

Полуостровот Катар има само една копнена граница, но во 2017 година Саудиска Арабија ја затвори и им стави крај на дипломатските врски со Катар. Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет тргнаа по истиот пат и побараа од жителите и патниците да најдат нови начини за влез и излез од земјата.

Сопственикот на бродот, Даисал ал-Сулаити, истакна дека на овој начин на луѓето им се нуди можност со својот автомобил да одат каде и да посакаат.

- Би можеле да се симнат во Оман или во Кувајт и да се возат наоколу. Патничкиот брод има десет палуби и повеќе од 270 кабини, а на бродот има и кафулиња и хелидром - истакна тој и додаде дека во блиска иднина во распоредот би можела да биде додадена дополнителна врска со Иран.

Пловидбата ќе трае 25 часа, а цената на картите сѐ уште не е објавена.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот