Студентите сместени во Државнипт студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје вечерва се без струја, а некои катови и без вода. Состојбата е таква од околу 14 часот, кога без претходна најава, останале без струја. Студентите денеска се снаоѓаа за учење во други услови и се револтирани дека не добиле никаква најава за прекинот на електричната енергија, а во погорните катови немаат ниту вода.
-Преку ден ни беше кажано дека поради реновирање на делови од студентскиот дом ќе има прекин во струјата. Не ја знаеме вистината, знаеме дека повеќе од седум часа немаме струја и вода – велат студенти во „
Гоце Делчев“.
Факултети.мк денеска се обиде да добие изјава од директорката на Државниот студентски дом „Скопје“, Даниела Темелкова, но безуспешно.
Реконструкцијата на „Гоце Делчев“ почна пред неполни две години.