X
 12.01.2020 Живот

Селото од бајките уништено од „Инстаграм“

„Инстаграм“ го уништува бајковитото село кое се смета дека било инспирација за цртаниот филм „Снежното кралство“ на „Дизни“.

Холштат се наоѓа под планините во областа Салцкамергут во Австрија и е прогласено за најфотографирано село на „Инстаграм“.

Алпското место е дом на само 780 жители и е светско наследство на УНЕСКО од 1997 година. Селото почна да привлекува туристи откако се појави во емисија за патување во Јужна Кореја во 2006 година. Исто така, успехот на цртаниот „Снежното кралство“ од 2013 година му ја зголеми популарноста уште од моментот кога селото беше поврзано со фиктивниот град Арендел.

1
Фото: Instagram


Оттогаш почнаа да го посетуваат по 10.000 туристи од цела Азија секој ден, до милион посетители годишно.

Сега Холштат има шестпати повеќе туристи по глава на жител од Венеција.

Туристите прават селфи, над селото има дронови и позираат за свадбени фотографии. Некои од туристите дури и влегоа во домовите на локалните жители за да ги користат нивните бањи.

- Еден ден, кога мајка ми се разбуди утрото, во нејзината спална соба најде некои кинески туристи - изјави еден сопственик на кафуле.

Во ноември мистериозен пожар изгоре значителен дел од крајбрежјето од 16 век, а полицијата сега истражува.

2
Фото: Instagram


Градоначалникот Александер Шеуц ги моли туристите да се држат настрана. Градот дури и ги затвори патиштата за да ги одвлече туристите, но немаше среќа.

- Сакаме да го намалиме бројот на туристи за најмалку една третина, но немаме начин да ги запреме - вели градоначалникот.

Но, не се согласуваат сите - некои локални жители туризмот го нарекуваат рудник за злато.

- Хотелските соби чинат 300-400 долари. Јавните тоалети чинат 1 евро, а 4.000 луѓе ги користат секој ден, па вие направете ја математиката - велат жителите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот