X
 06.07.2016 Култура

Село кое ги заменува мртвите луѓе со кукли

Жена од Јапонија ги има заменувано луѓето од нејзиното село со кукли во природна големина, откако тие ќе починат. Куклената населеност во Нагоро, јужниот дел на Јапонија, сега ги надминува бројките на населението во ова изолирано планинско место.


Тсукими Ајано  има зашиено преку 350 вакви кукли за да ја запамти некогаш-расцветаната заедница. Безживотните фигури сега претставуваат повеќе од 30 жители кои живееле во селото. 67-годишната жена вели: „Откако почнав да ги шијам овие кукли, веќе не сум сама. Секој ден доаѓа да ме посети.“

Бразилски новинар и снимател на филмови Роберто Максвел го посети Нагоро за да ја запознае жената кои стои позади овие зашиени селски жители. Неговите фотографии откриваат кукли застанати на автобуските станици и собрани на семејни веселби. Дури и кукли-работници биле забележани како го поправаат патот или собираат слама.


Откако родителите на Тсукими починале, таа продолжила да живее во Нагоро сама. Тсукими не прави кукли само за покојни соседи и пријатели, туку и за своето семејство. Сликите на Роберто покажуваат кукли од нејзиниот татко, мајка и целото семејство како се подготвува за венчавка.

„Се сеќавам на него дека секогаш пушеше цигари“ - вели Тсукими за нејзиниот татко.

Не се само заминатите жители на ова село кои добиле кукли - Тсукими има создадено една од себеси како марливо прави глинени производи.


„Куклите се насекаде,“ - вели Роберто. „Тие го претставуваат секојдневниот живот во ова село, кое поминало низ златна доба градејќи ја браната.“

Иако немала никаква намера, Тсукими го насочила вниманието кон проблемот на морталитетот во руралните делови на Јапонија.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура