НАСА ги објави најдобрите 20 фотографии направени од астронаутите што живееле и работеле на Меѓународната вселенска станица во текот на 2020 година.
Во ноември организацијата ја прослави 20-годишнината од постојаното човечко присуство на вселенската станица, која досега беше домаќин на 242 луѓе и повеќе од 3.000 научни експерименти.
- Мажите и жените што живеат и работат на Меѓународната вселенска станица секоја година прават илјадници фотографии од нашата планета, па ги замоливме луѓето од вселенскиот центар „Џонсон“ да ги издвојат омилените од 2020 година - велат од НАСА.