X
 23.05.2020 Наука

НАСА бара волонтери кои ќе поминат 8 месеци во целосна изолација

За повеќето од нас изолацијата и карантинот се веќе нешто секојдневно. За сите оние кои сакаат да променат нешто, НАСА регрутира учесници за следното симулациско истражување, поканувајќи мала група на луѓе кои ќе живеат заедно во изолација во период од осум месеци во Москва, Русија.

Целта на истражување е да ѝ помогне на НАСА подобро да ги разбере психолошките и физиолшките ефекти на изолацијата и затворањето на луѓето.

Бидејќи НАСА се подготвува за подолги мисии на Месечината и идните мисии на Марс, треба да ги подготви своите идни астронаути за долги периоди на изолација додека тие патуваат во вселената.

Учесниците во истражувањето ќе живеат во околина слична на онаа на вселенското летало, и од нив ќе се бара да извршуваат симулирани вселенски мисии за време на нивната изолација. Исто како што астронаутите на Меѓународната вселенска станица учествуваат во научни експерименти на бродот додека летаат над Земјата, учесниците во истражувањето исто така ќе спроведуваат научни истражувања користејќи виртуелна реалност и ќе изведуваат различни роботски операции.

nasa
Фото: Unsplash

За да учествуваат во истражувањето, учесниците мора да бидат државјани на САД на возраст меѓу 30 и 55 години, и мора да ги зборуваат англискиот и рускиот јазик. Тие исто така мора да имаат магистерски студии од областа на науката, докторат или диплома во областа на медицината, или да имаат завршено обука за воен офицер. Кандидатите со диплома, исто така, може да земат предвид доколку имаат релевантно воено или професионално искуство или дополнително образование.

Како здравствена претпазливост со оглед на тековното ширење на Ковид-19, учесниците ќе бидат сместени во двонеделен карантин пред да заминат во објектот каде што ќе се одвива истражувањето.


Ова е продолжение на друго истражување што било спроведено во 2019 година каде шест лица, двајца Американци и четворица Руси поминале четири месеци во метално живеалиште што делувало како вселенско летало. Екипажот симулирал задачи за мисија.

Извор: Inverse.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука