Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека ќе нареди да се создаде новa војска која ќе го отвори патот за доминацијата на Америка во вселената.
- Не е доволно само да има американско присуство во вселената. Мораме да имаме американска доминација во вселената. Ќе имаме воздухопловство и ќе имаме вселенска сила. Различно, но исто. Тоа ќе биде нешто многу важно - рече Трамп.
Тој нагласи дека САД ќе бидат лидери во вселената, додавајќи дека вселената е прашање на национална безбедност и дека не сака Русија, Кина и другите да ги престигнат САД.
Според процените на западните медиуми, ова се првите чекори во интензивирањето на американското истражување на вселената. Планирано е на Месечината да се испратат роботизирани истражувачи за да го испитаат теренот за враќање на астронаутите, соопшти еден службеник од НАСА.
Поранешниот американски претседател Џорџ Буш во 2004 година најави дека луѓето ќе се вратат на Месечината до 2020 година. Неговиот наследник Барак Обама рече дека САД ќе испратат луѓе на Марс до 2030
година.