Комуникацијата е важна и децата ја заслужуваат вистината, но не целатат вистина. Експертот Бет Коблинер, авторката на книгата „
Make Your Kid a Money Genius“, ги потенцира здравите граници кога се работи за
финансиите.
Не му кажувајте на вашето дете колку заработувате
Платата е нешто кое треба да си го зачувате за себеси. Младите деца можат многу лесно таа бројка да ја пренесат на други. Истото важи и за тоа кој родител зема поголема плаа. Детето тоа може да го помеша со придонесот на родителот во семејството.
Објаснете им на децата дека не земаат иста сума на пари сите семејства
Децата треба да знаат дека немаат сите иста количина на финансии и дека некои луѓе едноставно крпат крај со крај. Научете ги да имаат разбирање.
Не озборувајте пред вашите деца за финансиските навики на другите
Тие разговори, доколку се потребни, остварувајте ги подалеку од децата.
Не им кажувајте на децата колку ја плаќате дадилката
Децата некогаш тоа може да го злоупотребат за да почувствуваат дека имаат контрола и не сакаат да послушаат кога се прекорени од страна на дадилката. Малечките пак, може да мислат дека тоа е само личност која дошла да си поигра со нив. Не го расипувајте тоа.
Барајте од нив да ја погодат цената на млекото
Децата на тој начин учат да добиват чувство за цените на основните намирници.
Не им кажувајте на децата дека немате пари за да излезете и да купите нешто
Мала лага можеби изгледа безопасно, но ако ги свртите картите подоцна, вашето дете можно е да се прашува дали понатаму да ви верува.
Објаснете зошто не им го купувате одреденото нешто кое во моментот го посакале
Ако кажете дека трошењето пари на одредената играчка или слатки е непотребно, дава знак дека набавките повикуваат на размислување и расудување. Ако кажете дека забарот рекол да не се јадат многу слатки, тоа е веќе нешто друго.
Не му кажувајте на детето колку се грижите за финансиите за универзитет
Тинејџерите можат вашата грижа и напнатост околу ова прашање да ја сфатат како голем товар за вас и да мислат дека нивното образование е проблем.
Со тек на време, разговарајте за трошоците за универзитет, но смирено
Разговарајте на оваа тема со детето, споделете колку изнесува вашиот буџет. Објаснете му на детето дека има можности и за стипендии ако се труди и учи. Бидете смирени и вашето дете ќе ве разбере.