Асистентите на учениците со посебни образовни потреби што работеа во училиштата во Карпош реагираат дека неодамна одговорните во Општината без најава им ги раскинале договорите за работа. Тие реагираа до редакцијата на „Деца.мк“ и објаснуваат дека иако барале одговори од институциите во врска со проблемот, сепак не ги добиле. Меѓутоа, проблем немаат само овие асистенти, туку многумина низ целата држава. Одговори за проблемот на асистентите побаравме од градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, од организацијата УНДП, која е поддршка на проектот, како и од Министерството за труд и социјала, институција која заедно со други државни институции ја реализира владината програма Општинско-корисна работа, во рамките на оперативниот план на активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк.