X
 12.04.2019 Култура

Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 мај

Во ВИП-арената „Борис Трајковски“ од 8 до 14 мај ќе се одржува 31. Саем на книгата, на кој годинава земја во фокусот е Унгарија, а ќе учествуваат и издавачки куќи од Србија, Косово и од Албанија. Покрај понудата на изданија со саемски попусти, планирани се и промоции и средби со автори.
- Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година, Министерството за култура како покровител на саемската манифестација очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата. Имајќи ги предвид националниот интерес и значењето на Саемот на книгата, очекуваме активно учество на Министерството за култура - изјави Сања Кондарко, проект-менаџер на Саемот на книгата.
Организаторите очекуваат голема посетеност, како и лани кога на оваа манифестација имаше рекордни 45.000 посетители.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура