Пред неколку дена три главни мобилни оператори во Кина одржаа онлајн прес-конференција за заеднички да ја објават функцијата „5Г-пораки“.
Според кинеските медиуми, 5Г-пораките ќе бидат надградба на постојните СМС-пораки.
За индивидуалните корисници, 5Г-пораките значат укинување на ограничувањето на должината на пораката, како што е случајот сега со СМС-пораките.
Исто така, ќе бидат поддржани и повеќе различни формати, вклучително и текст, фотографии, аудиозаписи, видеозаписи, емотикони и контакти. Ќе бидат поддржани и онлајн и офлајн-пораки.
Претставници од 11 компании, меѓу кои и Хуваеј, Самсунг, Леново и Шаоми, беа дел од онлајн-настанот и беа оптимисти за надградбата на функцијата.
Одредени компании најавија дека веднаш ќе почнат со тестирање на опцијата, а се надеваат дека комерцијалното пуштање во употреба на 5Г-пораките ќе биде во јуни.
Сѐ уште многу работи се непознати, но сигурно е дека 5Г-пораките ќе направат целосна револуција во комуникацијата меѓу луѓето, но и со компјутерите.
Извори:
GizChina
Насловна фотографија: Unsplash