X
 08.07.2019 Живот

Оваа земја ќе им дава бесплатни СИМ-картички на туристите

Туристите што ќе одат во Обединетите Арапски Емирати наскоро ќе добиваат СИМ-картички со можност за остварување меѓународни телефонски разговори и испраќање пораки, објави Сојузната управа за идентитет и државјанство во Абу Даби.

Бесплатните картички ќе важат 30 дена и автоматски ќе се обновуваат доколку му е продолжена визата на туристот.

Минатата недела во Абу Даби беше потпишан договор меѓу властите во ОАЕ и „Телеком нова“, чиј извршен директор, Чарбел Фаваз Литани, изјави дека на туристите картичките ќе им ги подаруваат службениците од пасошката контрола.

Литани истакна дека туристите нема да мора да преземаат ништо и дека нема да биде потребна документација.

Картичките ќе бидат достапни за еден месец. Ќе има 20 мегабајти интернет, три минути разговор на локално или меѓународно ниво и 5 бесплатни СМС-пораки.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот