X
 22.07.2017 Технологија

Предностите на „Фејсбук Месенџер“ наспроти СМС-пораките

Групните пораки можат да бидат забавни, особено кога споделувате линкови и останати забавни материјали. Постои место каде што сите можат да ги користат понудените опции, без разлика на оперативниот систем со кој располагаат, а тоа место е „Фејсбук Месенџер“. „Фејсбук“ постојано нуди новитети и додатоци за брзо испраќање пораки. Еве зошто оваа апликација е подобра од обичното испраќање СМС-пораки:

Работи секаде каде што има „WiFi“

Тоа значи дека често можете да го користите бидејќи слободно интернет-поврзување има речиси секаде.

Можете да го приспособите

Можете да менувате многу работи во една конверзација на „Месенџер“. Прекари за вашите пријатели, боја на разговорот, да додавате луѓе во конверзацијата, да додадете специјално емоџи за вашиот разговор и сл.

Може да играте игри преку чатот

Можете да ги поканите своите пријатели да играте кошарка или фудбал преку испраќање такво емоџи. Ова функционира само на мобилен телефон.

Имате преглед од линковите што ви пристигаат

Кога ви испраќаат линкови, вие имате преглед на содржината на линкот, па тоа е позитивно бидејќи нема да мора да ја напуштате апликација за да го гледате видеото, на пример.

Вашиот шеф ќе мисли дека работите

Можете да се логирате преку апликацијата или пребарувачот и да го имате истото искуство, па не морате да трошите време и на компјутер и на мобилен телефон, а и вашиот шеф ќе мисли дека сте многу зафатени ако постојано нешто типкате на компјутерот.

Секогаш можете да видите дали некој ја прочитал вашата порака

Кога некој ќе ја прочита вашата порака, вие тоа можете да го видите преку тоа што ќе здогледате мал круг со нивната профилна фотографија.

Можете да бришете пораки

Кога пишувате многу веројатно е да згрешите, па тука имате опција да ги избришете пораките ако сте ги испратиле по грешка. Треба само да кликнете на просторот до пораката.

Возможни се видеопораки и разговори

Освен пораки со текст, можете да разговарате со вашите пријатели и преку видео или, пак, да им се јавите, што е одлично доколку немате време за типкање.

Можете да го замените „Месенџер“ со СМС на Андроид

Ова е само за Андроид-корисниците, па така сите ваши СМС-конверзации можат да се појавуваат во „Месенџер“, се разбира доколку сакате.

Можете да ги кодирате вашите пораки

Додадена е „тајната“ опција во горниот десен агол до „Нова порака“, со што можете на пријателите да им праќате пораки кои можат да траат од 5 секунди до еден ден. Ако ја користите оваа опција, испратените пораки ќе може да ги прочитате само вие и оној со кој разговарате.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија