X
 12.04.2023 Живот

Малолетници сакале да украдат автомобил, но ги спречил рачниот менувач

Неодамна во американската држава Мериленд се случи неуспешна кражба на автомобил.

Двајца малолетници му влегле на човек кој седел во својот автомобил на бензинска пумпа. По полнењето гориво, сопственикот на „субару“ ги забележал двајцата крадци како трчаат кон него. Тие насилно ја отвориле вратата и му го побарале клучот од автомобилот. Тој им го дал, што е и видливо на снимката од надзорната камера.

И ова би била сосема вообичаена кражба на возило доколку овие деца не влегле во возило со рачен менувач. Бидејќи не знаеле да го возат овој „чуден“ автомобил, по неколку секунди излегле од него и пешки побегнале од местото на злосторството. Половина час подоцна полицијата ги пронашла и ги уапсила. Малолетниците се спроведени на суд, каде што ќе им се суди како на полнолетни.



Извор: Autonet.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот