X
 28.10.2022 Живот

Инфлуенсер го оставил лаптопот во кафуле за да ја тестира безбедноста во Сингапур

Некои земји се побезбедни од другите. Тоа го докажува и познат инфлуенсер кој направил интересен експеримент за неговите следбеници на „Тик-ток“.

Уптин Саиди, поранешен новинар во Ес-ен-би-си, одлучил да го остави својот лаптоп во кафуле во Сингапур. Во меѓувреме, тој бил на ручек и сакал да види дали лаптопот ќе го чека кога ќе се врати.

Неговото видео за експериментот трае една минута и има милиони прегледи на „Тик-ток“.

- Оваа земја ја има една од најниските стапки на криминал во светот. Значи, денес ќе го оставам мојот лаптоп во случајно одбран „Старбакс“ на еден час, притоа не кажувајќи никому да внимава на него - објаснил тој.

Во видеото тој споменува дека во Сингапур имало низа од 250 дена во кои не е забележан криминал.

- Тоа значи дека не е украден телефон повеќе од осум месеци во целата земја - кажал тој.

@uptin

♬ original sound - Uptin



Навистина, на крајот од видеото неговиот лаптоп бил на истото место на кое го оставил. Помеѓу коментарите на видеото има такви што откриваат дека истиот експеримент би бил неуспешен во Лондон, Јужна Америка или во Берлин.

Според Уптин, чесноста е голем дел од културата во Сингапур, но и основните потреби на жителите се задоволени, па тие немаат потреба од крадење. Конечно, надзорот во земјата е на завидно ниво бидејќи насекаде има камери, а последиците од кражба се големи, според него. Кражба во куќа подразбира парична казна, но и затворска казна до 10 години во Сингапур, открива тој.

Сепак, меѓу коментарите има од жители на Сингапур кои напишале дека таму не е толку сигурно и дека Уптин само имал среќа.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Tiktok (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот