X
 14.10.2023 Живот

Колку долго можете да возите откако ќе се вклучи светлото за празен резервоар?

Кога возите со полн резервоар, сигурно немате грижи, но работата е поинаква кога ќе добиете известување за празен резервоар. Секако, знаете дека нема да останете без гориво во истиот момент, но многумина се прашуваат колку може да возат откако автомобилот ќе ги предупреди дека резервоарот е празен.

Би било добро да има еден универзален одговор на ова прашање, но нема. Тоа зависи од автомобилот, ефикасноста на горивото и брзината со која возите. Како генерално правило, светлото за празен резервоар се вклучува кога во него има 10-15 отсто од целосниот капацитет, според експертот за безбедност при возењето Роберт Муњоз.

Тоа значи дека имате 4-15 литри гориво во резервоарот, во зависност од неговата големина. Тоа би било доволно за 30 до 50 километри или дури 80 километри за големи возила.

Ова звучи добро, но не треба да биде причина да го игнорирате светлото за празен резервоар. Возењето со малку гориво може да доведе до штета на автомобилот. Експертите не препорачуваат да се остава автомобилот со празен резервоар дури и кога не се вози. Заклучокот е дека треба да го дополните резервоарот што побргу кога ќе се вклучи светлото за празен резервоар.

Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот