X
 12.04.2024 Технологија

„Старлинк“ ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Калифорниската компанија „Васт“ има силна врска со „Спејс екс“, а сега потврди дека нејзината „Хејвен-1“ ќе биде првата оперативна приватна вселенска станица, која ќе биде лансирана во вселената со помош на ракетата „Фалкон 9“ во текот на 2025 година.

Од „Васт“ соопштиле дека „Хејвен-1“ ќе стане првата вселенска станица опремена со ласерски терминал на „Старлинк“, што ќе му овозможи на екипажот на станицата пристап до брз интернет додека лета околу нашата планета со голема брзина.

Новиот договор дополнително ја зајакнува врската помеѓу „Васт“ и „Спејс екс“, а компанијата веќе има неколку поранешни вработени во „Спејс екс“ во својот тим, па меѓу нив е и техничкиот директор Алекс Хадсон, кој до неодамна бил потпретседател во компанијата во сопственост на Илон Маск.

Директорот на „Васт“, Макс Хаут, зборувал за тоа што „Старлинк“ ќе донесе на вселенското летало „Хејвен-1“.

- Ако ви треба брз интернет со мала латентност и постојано поврзување на вселенска станица во орбитата во 2025 година, „Старлинк“ на „Спејс екс“ е единствената опција. Очекуваме нивното раководство во мрежата и технологијата да продолжи да се забрзува со текот на времето, па затоа сме воодушевени што имаат можност да се здружат со „Спејс екс“ за да го користат нивното прво ласерско поврзување на вселенската станица. Ласерскиот терминал на „Старлинк“ прикачен на „Хејвен-1“ ќе му обезбеди на екипажот интернет со голема брзина и ниска латентност. Надворешните камери и научните инструменти, исто така, ќе имаат корист од поврзување со ниска латентност - рекол тој.

Меѓународната вселенска станица моментално користи интернет со брзина од околу 600 мегабајти во секунда, кои „Хејвен-1“ лесно ќе ги надмине.

Неодамна, „Старлинк“ го докажа својот квалитет додека „Спејс екс“ го пренесуваше во живо пробниот лет на ракетата „Старшип“. Терминалот „Старлинк“ испрати импресивни снимки од летот на „Старшип“ низ орбиталниот простор. Врската останала стабилна дури и кога бродот бил „обвиен“ во топка од плазма додека повторно влегувал во атмосферата на Земјата.

Екипажот на вселенската станица „Хејвен-1“ ќе може да ги поврзе и своите лични уреди со „Старлинк“, што ќе им овозможи постојан пристап до брз интернет. На овој начин тие ќе можат да објавуваат во живо од вселената и да бидат во контакт со луѓето на Земјата.

„Васт“ потврди дека и идните вселенски станици ќе користат интернет на „Старлинк“.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија