X
 26.03.2022 Наука

Кина планира да испраќа комерцијални туристи во вселената

Кина планира да им дозволи на туристи да ја посетат нејзината вселенска станица „Тјангонг“ во следната деценија. Меѓутоа, планот е условен од побарувачката.

- Не станува збор за технологија, туку за побарувачка. Може да се реализира за помалку од една деценија сè додека има побарувачка - изјавил Јанг Лиевеј, астронаут и владин советник.

Џоу Џианпинг, кој е главен дизајнер на вселенската програма за луѓе на Кина, ги потврдил ставовите на Лиевеј и изјавил дека вселенската станица може да биде отворена за комерцијални посетители.

Пред сето тоа Кина треба да ја заврши својата вселенска станица. Земјата планира да испрати шест ракети за додавање нови модули на станицата годинава. Кина работи и на создавање ракета која може да се користи повеќепати, како онаа на „Спејс-екс“.

Во последниов период сведочевме за повеќе иницијативи за испраќање луѓе кои не се астронаути во вселената. Сето тоа покажува дека глобалната вселенска индустрија се движи во комерцијална насока и вселената станува подостапна за сите.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: CMS
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука