X
 12.05.2021 Политика

НАкС: Колективниот договор за високото образование и науката ќе реши долгогодишни системски проблеми

Независниот академски синдикат - НАкС се приклучи кон Колективниот договор за високото образование и науката, кој Владата (МОН) и СОНК го потпишаа.

- Во неговата суштина, Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука: вработување, унапредување, право на годишен одмор, право на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација итн. Во договорот се дефинира начин за пресметување на платата, кој се темели на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата. Со овој начин на пресметка се обезбедува систем на валоризација, но и континуиран раст на платата, која ќе расте заедно со просечната плата, со што се оневозможува стагнирање на платите како во изминатиот период. Дополнително, во основната компонента на платата, ќе се исплаќа и работниот стаж (минатиот труд) на товар на МОН. Колективниот договор го утврдува и горниот праг на оптовареност на наставниот кадар со задолжителна настава и прекувремен број на часови. Прекувремената работа, исто така, ќе се исплаќа од страна на МОН.

Оттаму велат дека со договорот се унапредуваат и синдикалните права, а првпат се воведува категоријата на автономијата како причина за штрајк, со што се заштитува како највисок дострел и најголема одговорност.

- Очекуваме дека статусот и материјалните права на сите вработени во високото образование и науката ќе продолжат да се унапредуваат и дека зацртаните барања во целост и со забрзано темпо ќе се реализираат по завршување на кризата - велат од НАкС.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика