X
 12.05.2021 Живот

Угледен германски вирусолог открива што можеме да очекуваме ова лето

Експерт за вируси од Берлин вели дека ова лето во Германија ситуацијата може да се подобри, со продолжување на вакцинацијата и олеснување на рестриктивните мерки.

- Мислам дека ќе видиме ефекти што може да ѝ се припишат на вакцинацијата во јуни - вели Кристијан Дростен, директор за вирусологија во берлинската универзитетска болница „Шарите“.

На прашањето во врска со летните одмори, отворањето на терасите во рестораните и правењето скара со пријателите, тој објаснува дека сега многу работи можат да се дозволат надвор.

Сепак, Дростен предупредува дека не треба целосно да се опуштиме.

Тој истакна дека колективниот имунитет ќе ја подобри ситуацијата наесен, но предупреди дека не треба да очекуваме болеста да исчезне наесен.

Невакцинираните лица ќе продолжат да се заразуваат и да се разболуваат, но нема да има повеќе неконтролирано ширење на вирусот, додава тој.

Се чини дека се смирува новиот бран на инфекции со коронавирусот, што ги загрижува германските власти од ноември, со оглед на седумдневната стапка на инциденца, која се намалува веќе две недели.

Според Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“ (РКИ), бројот на нови инфекции на 100.000 жители за седум дена бил 118,6 во неделата низ целата земја, што е помалку од 146,5 претходната недела.

Извор: B92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот