Алис Аугуста Бол е родена во 1892 година во Сиетл. Афроамериканска хемичарка која го развила инјекцискиот екстракт од масло, што послужил како најефикасен начин за третирање на болести до 1940 година.
Била и првата жена, но и првата афроамериканка која завршила мастер студии на Универзитетот на Хаваи. Заради своите достигнувања добила стипендија за студиите на овој престижен универзитет. Во својата истражувачка кариера ги проучувала хемиските состојки. Додека го изработувала магистерскиот труд, доктор Хери Холман, асистент хирург во болницата на Хаваи, ја замолил да му помогне во развивањето на метода со чија помош ќе се изолираат активните компоненти во маслото од дрвото „chaulmoogra“, кое е лековите. Се востановило дека тој човек ќе придонесе за нејзино признание во иднина, но и постхумно.
Фото: Wikipedia
Ова масло пред тоа било користено за третирање на лепра и хронични инфективни болести. Посветеноста на работата ја оттргнале
Алис од самата себе, бидејќи веднаш потоа се разболела, па се вратила во Сиетл на лечење.
Пред да успее да ги објави резултатите од нејзините истражувања, починала од тешка болест, која не е уште утврдена. Починала на новогодишната вечер во 1916 година на 24 години. Се шпекулирало дека можеби причината за нејзината смрт било труење со хлор за време на експериментите.
Нејзиниот труд е постхумно објавен без никаков потпис. Артур Дин, хемичар и претседател на Универзитетот во Хаваи ја продолжил нејзината работа и ги објавил резултатите, а потоа почнало масовно производство на ова масло. Но, тој не ја споменувал Алис, а и техниката на истражување си ја припишал на себеси. Докторот Холман прозборувал во врска со ова, па затоа и се започнало со истрага. Нејзината смрт е опишана како тешка и изненадувачка, а нејзините дела занемарени. Дури по сто години од нејзината смрт и е оддадена почит со подигнување на споменик во близина на дрвото „chaulmoogra“. На универзитетот на кој студирала, воведена е
награда за хемичари која го носи нејзиното име.
Она што е најинтересно е дека гувернерот на Хаваите, Мејзи Хироно, го прогласил 29 февруари за ден на Алис Бол, кој се слави на секои четири години. Таа иако живеела само 24 години, помогнала на многумина, магистрирала, истражувала и работела.