Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ја прими наградата за најкорисен играч (МВП) во НБА-лигата во родниот Сомбор, каде што најблиските го изненадија во штала за коњи.
Јокиќ со коњ пристига по наградата, а надвор свират тамбураши. По пристигањето ги трга кацигата и очилата и почнува да плаче. Сето тоа може да се види на снимките што се појавија на социјалните мрежи.
На Јокиќ му е врачен пригоден пехар за 75-годишнината на НБА-лигата, покрај трофејот за најкорисен играч, кој ќе му биде врачен дополнително.
Во Сомбор биле присутни неколку лица, меѓу кои и тренерот на Јокиќ, Мајк Мелоун, и неговиот агент Мишко Ражнатовиќ.
Јокиќ стана 13. играч во историјата кој во две последователни сезони е прогласен за МВП.
- Сега не размислувам за тоа, но кога ќе бидам стар, дебел и нерасположен, сигурно ќе се сеќавам на тоа и ќе им кажувам на децата дека некогаш сум играл добро кошарка -
изјави тој.
Извор:
b92