X
 17.06.2021 Живот

Погледнете како се одмора најдобриот кошаркар во НБА

Никола Јокиќ пред една недела стана МВП на НБА-лигата. Неговиот следен договор ќе биде најголем во историјата на кошарката.

Српскиот центар во 2018 година со Денвер потпиша договор вреден 147 милиони долари, а неговиот следен договор ќе биде најголем од кога било бидејќи со освојувањето на наградата добива можност да потпише супер макс-договор. Според некои процени, Јокиќ од 2023 до 2028 година би требало да заработи вкупно 241 милион долари.



Покрај тоа што е суперѕвезда и ултрабогаташ, Јокиќ по којзнае кој пат покажа дека е антиѕвезда и вистински Балканец.

Одморот по исклучително исцрпувачката сезона во НБА го поминува на дестинација која воопшто не е гламурозна, а тоа е во родниот Сомбор. Јокиќ се опушта во прашините на родниот град, односно камерите на РТС го снимиле големиот вљубеник во коњи како вози едносед на сомборскиот хиподром.


Извор и фото: Index

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот